Вработените во зоолошката градина велат дека големите мајмуни инаку гледаат во посетителите како во телевизор. Набљудувајќи ги луѓето, мајмуните се обидуваат да ги имитираат. Со оглед на тоа дека зоолошката градина сега е затворена, на мајмуните им е здодевно. Затоа работниците во зоолошката градина ги забавуваат животните според специјални препораки, објави „Интерфакс”.
На пример, мајмуните во Екатеринбург ги забавуваат со помош на различни играчки и задачи.
„Но, како и на децата, играчките бргу им стануваат здодевни. Мајмуните имаат цел спектар играчки, почнувајќи од книги со картонски страници кои сакаат да ги разгледуваат, па сé до големи кукли. Мајмунот Џони сака да им ги вади нозете на куклите и со нив да си игра имитирајќи тропање на тапани“, вели претставник на зоолошката градина.
И на припитомените животни им е здодевно без луѓе. Тука спаѓаат големите папагали, меркатите, лемурите и други видови. Овие животни инаку редовно учествуваа во терапевтска работа со децата.
Меѓутоа, врз повеќето други животни отсуството на посетители има позитивно влијание, затоа што сега не ги вознемирува никој. Големите грабливки воопшто и не забележуваат некакви промени, истакнуваат вработените на зоолошката градина.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче