Денис Проценко и Владимир Путин на 24 март 2020
APВо овој момент сите се придржуваат до социјалната дистанца, рече тој одговарајќи на прашањето дали Путин при средби се ракува, пренесува новинската агенција ТАСС.
Официјалниот претставник на Кремљ рече дека претседателот деновиве повеќе сака да ги врши сите работи од далечина. „Сите гледаат дека тој работи од далечина и тој формат и во иднина максимално ќе се употребува“, додаде тој.
Дмитриј Песков претходно рече дека со цел заштита на рускиот претседател се прави сé што е можно. На прашањето дали Путин носи маска тој рече дека сите кои учествуваат во настани на кои се појавува претседателот се тестираат.
Песков рече дека претседателот ќе одржи состанок со владата преку видеоконференциска врска, а дека физички ќе се наоѓа во резиденцијата Ново Огарјово.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче