Што ни вели анализата на податоци за тоа како новиот коронавирус ќе се шири во Русија?

Користејќи соодветни модели, аналитичарите утврдија колку уште може да потрае борбата против ширењето на коронавирусот. Малку е веројатно дека одговорот ќе ви се допадне.

Моделот на ширење на инфекцијата по градовите на Русија го развија рускиот туристички сервис Tutu.ru и Здружението на експерти за аналитика кои зборуваат руски јазик Open Data Science (ODS).

Се засновува на математички модели на ширење на инфекцијата во градовите што ги разви меѓународната заедница и мрежата на меѓуградски врски. Користени се податоци за движењето на патници со авион (бела боја), со возови (црвена боја) и со автобуси (сина боја) за април. Очигледно е дека моделот не ги зел предвид сите мерки за ограничувањата за собирање и движење на луѓето кои почнаа да се применуваат во Русија.

Тродимензионалната карта на руски јазик може да се погледне на линкот (сајтот може долго да се вчитува).

Постојат уште неколку прогнози за ширењето на заразата, но речиси сите се предвидени за Европа која има голема густина на населението. Специфичноста на Русија е големиот број на далечни градови и ниската густина на населението, нагласуваат од службата за односи со јавноста на Tutu.ru.

На крајот аналитичарите дојдоа до следниве заклучоци:

  • Во Русија има пет града на кои отпаѓа половината од сите летови, а тоа се Москва, Санкт Петербург, Симферпољ, Краснодар и Сочи. Во Русија е мошне централизиран транспортниот систем и патничкиот превоз. Тоа од една страна негативно влијае на ширењето на вирусот, а од друга овозможува пресекување на болеста.
  • Укинувањето на сообраќајот и самоизолацијата во градовите во Русија ќе придонесе до смалување на ширењето на новиот коронавирус.
  • Доколку тоа се направи брзо, источниот дел од земјата ќе биде помалку погоден, а на Москва ќе падне главниот удар.
  • Во многу руски градови борбата против инфекцијата би можела да потрае сè до септември оваа година, но и да продолжи.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња