Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, одговарајќи на новинарско прашање, објасни на кој начин се променил животот на Владимир Путин за време на пандемијата на новиот коронавирус и како претседателот се штити од инфекција.
„Се разбира, се работи за дополнителни превентивни мерки“, рече Песков, истакнувајќи дека „станува збор за санитарни и други мерки кои мораат постојано да се применуваат, особено во услови на продолжено работно време, па и кога во распоредот нема толку многу јавни настани“. Вака портпаролот на Кремљ одговори на новинарското прашање на кој начин пандемијата на коронавирусот ги промени животот и навиките на претседателот на Руската Федерација.
Претседателот, сепак, продолжува со извршување на работните активности, тој не може туку-така да престане да работи, додаде Песков.
Тој исто така наведе дека на руските губернатори им е советувано што помалку да патуваат и да ги напуштаат своите региони.
Светската здравствена организација прогласи епидемија на коронавирус на 11 март, а според нејзините најнови податоци, во светот се заразени повеќе од 465 илјади луѓе, додека повеќе од 21 илјада ја загубија битката. Во Русија во 53 региони се регистрирани 1036 случаи на заразната болест COVID-19.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче