Во статијата стои дека руската влада, благодарение на мерките преземени во вистинско време, успеа да го задржи ширењето на коронавирусот и затоа е во можност да им помогне на другите земји, особено на Италија. Последниве денови во оваа земја 15 руски авиони доставија медицинска помош во борбата против инфекцијата, а пристигнаа и стручњаци-виролози со респиратори и заштитни одела.
„Европејците сега минуваат низ вистинска ноќна мора, се соочуваат со невидена ситуација. И секој кој може макар малку да ги ублажи оваа ноќна мора и ужасот пред непознатото ќе заземе достојно место во светот на утрешнината“, сигурен е авторот на статијата.
Хрватското издание истакнува дека помош на европските земји им даваат не само Русија, туку и Кина и Куба.
„Ништо што се случува деновиве нема да биде заборавено. Италија ќе се сеќава кој помогна и кој во целост заборави дека постои свет надвор од неговите национални граници“. Истовремено, авторот споменува дека Италија, после она што се случи, би можела да ја поддржи идејата за укинување на антируските санкции од страна на Европската Унија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче