Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин денес имаше телефонски разговор со премиерот на Италија Џузепе Конти, а главна тема беше борбата со коронавирусот COVID-19.
Во соопштението од прес-службата на Кремљ што ја пренесе новинската агенција Интерфакс меѓу другото се вели дека се разговарало за ситуацијата во врска со пандемијата на коронавирусот, а исто така и мерките за спречување на инфекцијата што се преземаат во двете земји.
Притоа, Путин ја изразил својата поддршка во врска со мошне тешката ситуација во која се наоѓа Италија поради коронавирусот. Исто така, тој изразил и подготвеност за оперативна помош на земјата.
„Се планира испорака на средства за заштита, мобилни комплекси на базата на КАМАЗ за аеросолна дезинфекција на транспортот и на територијата, медицинска и друга опрема, а исто така и испраќање екипа руски специјалисти за практична помош во оние региони на земјата што најмногу настрадаа“, се вели во соопштението.
Испораките ќе бидат направени по линија на Министерството за одбрана на Руската Федерација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче