Празни рафтови поради коронавирусот: Оправдана паника или чиста хистерија?

Павел Паламарчук/Sputnik
Среде епидемијата од коронавирусот Русите се караат дали треба да складираат производи или треба да се олабави.

Фотографии од овој тип неодамна се појавија на социјалните мрежи. Авторите сведочат дека во продавниците во Москва и во други градови гледаат невообичаено празни полици, додека епидемијата од коронавирус се шири.

Навистина, од неодамна во продавниците е потешко да се дојде до некои производи. Рафтовите кои порано беа преполни со хељда, ориз, макарони и нудли, брашно и тоалетна хартија гледаме како зјаат празни.

Некои жители на Москва на Инстаграм објавуваат вакви фотографии:

Денес ситуацијата во продавниците во Москва е жална. Оние кои премногу размислуваат, ќе останат без ништо. Луѓето трупаат сè (житарки, макарони, брашно итн.) во големи количества и затоа, кога ќе одите во продавница да купите нешто за ручек, наоѓате празни рафтови. Главно сè купуваат пензионерите.

Поминав покрај продавница вчера за да купам нешто за јадење и да ги проверам гласовите за недостигот. И еве што видов.

Навистина за првпат наидувам на ваква глетка: во Ашан (француски синџир супермаркети во Русија) половина полици се празни. Житарките, макароните, месото и влажните шамивчиња исчезнаа. Што се случува?

Една мајка на три деца од Москва на Инстаграм пишува дека не верувала оти постои недостиг од храна и други производи во руските продавници, но решила сепак за секој случај да ги пополни своите резерви, зашто се плаши дека ситуацијата би можела да стане полоша доколку луѓето се препуштат на масовна хистерија.

Официјалните лица се обидуваат да ги уверат луѓето дека нема да има недостиг од храна и други производи во продавниците ширум земјата. Претседателот Путин тврди дека нема потреба од паника и дека снабдувањето на продавниците е како и секогаш.

Владата изјавува дека спроведува постојана контрола на снабдувањето во продавниците и на цените на производите.

Сепак, сите не веруваат на овие тврдења.

Една жителка на Новосибирск вели дека жали што ги слушала пораките за смирување и што навреме не се снабдила со потребните производи:

Каде е стоката? Вчера рекоа дека магацините се полни и дека нема потреба да правиме резерви. Ова е една од многуте синџири „Марија-Ра“ во Новосибирск. Се снабдува со локални производи од Алтај и не увезува ништо. Ништо не купив. Не ми е гајле за хељдата, но што е со основните производи како што се шеќерот и солта? Нема ниту кисели краставички. За среќа, пред една недела купив макарони...

Во Санкт Петербург луѓето забележале муштерии кои купуваат големи количества намирници, носејќи заштитни маски. Не се знае дали е тоа шега или стварност.

Луѓето полудеа

Додека некои продажни синџири испраќаат смирувачки пораки до потрошувачите, велејќи дека нема причина за загриженост, други продавачи во оваа ситуација ја гледаат својата можност. На пример, Ашан нуди „во пакет“ количка преполна со неопходните намирници: житарки, тоалетна хартија, макарони, влажни шамивчиња итн. за фиксна сума од околу 44 американски долари.

Синџирот продавници „Пјаторочка“ објави смирувачка порака на својот Инстаграм. Таа гласи вака: „Ние ќе се погрижиме во нашите продавници секогаш да можете да набавите сè што ви е потребно. Затоа ги зголемивме нашите набавки и зачестивме со пополнување на залихите. Ве молиме за разбирање. Не грижете се. За пополнувањето на рафтовите овие денови потребни се дополнителни напори од страна на нашите вработени и можеби малку повеќе време.

Нашите производители ни ја испорачуваат стоката на време и имаме доволни количества во нашите магацини за да ги задоволиме вашите потреби од свежи и квалитетни пригоди. Доколку на полиците во продавниците нема доволно производи, не грижете се. Следниот ден тие ќе бидат пополнети со количества од магацин. Ве молиме рационално да ги процените своите потреби кога станува збор за набавките“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња