Министерството за внатрешни работи на Русија ќе им ја продолжи дозволата за престој на сите странци поради ширењето на коронавирусот. Ова за ТАСС го соопштија во прес-центарот на министерството.
„Со цел почитување на правата и слободите на граѓаните, а земајќи ја предвид ситуацијата поврзана со ширењето на новата инфекција од коронавирусот, од 19 март 2020 година странските државјани ќе можат да го продолжат траењето на привремениот престој на територијата на Русија“, рече соговорникот на агенцијата.
МВР на РФ истакнува дека со таа цел странците треба да се обратат до најблискиот орган на МВР на РФ со молба составена во слободна форма. „На граѓаните кои во Русија пристигнале врз основа на виза ќе биде продолжено нејзиното важење независно од целта на доаѓањето во Русија. Ако рокот на важење на визата веќе истекол, привремениот престој сепак може да биде продолжен. На граѓаните кои во Русија пристигнале врз основа на режим кој не бара добивање на виза, престојот на територијата на Русија се продолжува и во случај рокот за престој веќе да е истечен“, објаснија од министерството.
Притоа исто така продолжува и приемот на молби за издавање дозволи за ангажирање странски работници, како и за издавање дозволи за работа на странски државјани кои се наоѓаат на територијата на Русија. Освен тоа, истакнуваат од руското МВР, работните мигранти можат да бараат нови дозволи без напуштање на територијата на земјата и без оглед на евентуалното доцнење со предавањето на молбата, додека на странците кои живеат во Русија врз основа на дозвола за привремен или постојан престој, престојот ќе им биде продолжен во случај рокот на важност на овие документи да истече.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче