Денис Коробов, еден од најпознатите улични фотографи во Владивосток, ја бележи неофицијалната страна на градот која нема да ја запознаете преку разгледници или туристички водичи. Според неговите зборови, омилен жанр му е мистичниот реализам. „Фотографијата е огледало кое го одразува нашиот свет“, вели тој,
Денис го започнал своето фотографско патување пред девет години, кога имал 20. Оттогаш има сменето неколку фотоапарати и веќе имаше неколку индивидуални изложби во Владивосток и Москва.
На гледачот тој му го прикажува Владивосток преполн со изненадувачки светли бои низ необичен спектар од предмети и појави. Неговиот Владивосток се заборавени стари играчки, мачки што се одмараат во пластични шишиња, како и неочекуваните контрасти и драматичноста на секојдневието.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче