Русија овие денови ги затвори границите, како и многу други земји. Од 17 март сите училишта и универзитети се затворени, а на многумина вработени им е препорачано да работат од дома.
Кога ќе погледнам низ прозорецот на мојот домашен карантин, гледам пролет. Многу луѓе кои шетаат, деца кои се забавуваат на игралиштата, луѓе со огромни торби кои се враќаат од пазарење. И се прашувам: дали е тоа самоизолација?
По првиот ден поминат на работа од дома излегувам од зградата и тоа мошне внимателно, чувствувајќи се како јунак од некој шпионски филм. Очекувам дека надвор ќе наидам на постапокалиптична глетка и дека ќе сретнам неколку луѓе во гас-маски. Но, сосема не беше така. Вечер како и секоја друга.
Го надминуваш својот страв и чувството на опасност, влегувам во продавница. Внатре има куп луѓе и никој не носи маска.
Тогаш решавам да одам на маникир. „Исечете ми ги ноктите, ве молам. Поради коронавирусот“, се обидувам да се пошегувам.
„Па, тоа е смешно. Луѓето како да не оделе на училиште. Не постои коронавирус. Само ни е наметната оваа глупава паника, вирусот е обичен грип!“, вели маникирката.
Сомневајќи се, со насмевка ѝ испраќам порака на другарка ми за разговор со маникирката и ја прашувам дали работи од дома. „Дома сум, но зашто сум навистина болна“, одговара таа. И вели дека е само настината и дека не повикала лекар. „Ми тече носот и немам температура. Прочитав дека тоа не се симптоми на коронавирус. Тоа е сигурно само САРС. Најавува дека утре ќе оди на работа.
Се обидувам да ја едуцирам дека можеби има блага форма на коронавирус, но дека може да зарази други, вклучувајќи ги и нејзините баба и дедо и постарите членови на семејството на колегите.
Таа вели дека тоа е невозможно, зашто определено време нема да се види со нејзините баба и дедо... Сепак оди на работа зашто нејзиниот шеф смета дека сите кои ги спроведуваат мерките против коронавирусот се глупави идиоти
„Ха, има само 147 заразени во Русија [18 март], што не е близу до она што се случува во Италија. А, знаете ли колку сме?“ Ова ми го испраќа една пријателка на која се обидувам да ѝ се пожалам од претходната. Таа не ги слуша моите аргументи, само ми испраќа смешни мемиња и слики на луѓе кои купуваат купишта тоалетна хартија, велејќи дека тие се идиоти.
Ја прашувам дали работи од дома. Вели не. Можела да остане дома, но сепак оди на работа, зашто таму е мирно и тивко – совршена атмосфера. „Им реков на мајка ми и на татко ми да не излегуваат надвор, но тие сепак излегуваат, засега им е добро. Не, стварно, не сакам да се приклучам на паниката. Изгледа како цел свет да полудел!“, се жали таа.
Им се јавувам на роднините на телефон за да проверам дали се во самоизолација или дека барем не посетуваат јавни места. Мојата тетка е изненадена кога слуша дека работам од дома. Сите мои пријатели кои планираа пролетни патувања во Европа се соочени со непријатно откажување на летовите. А, тогаш слушнав дека колешка на еден мој роднина само што се вратила од Шпанија и не сакала да седи дома. А, знаете ли зошто? Таа има многу работа! Сепак била принудена на самоизолација. Потоа дознавам дека еден мој познаник отпатувал во Португалија и покрај сите предупредувања, зашто Португалија не ги затворила границите и дека, до Бога, тој „заслужува одмор“!
Понекаде на Фејсбук се среќавам со некои многу умни – така сега ги викам. Многумина пишуваат дека додека сите глупаво паничат тие остануваат смирени и дека ништо нема да се случи. Истовремено, на моја радост, гледам неколку постови кои велат да се мијат рацете и да се користат антисептични средства и да се води грижа за постарите. Но, такви се малкумина!
Можеби луѓето не веруваат во коронавирус, но мораат да поверуваат во самоизолација. Затоа купуваат тоалетна хартија и други залихи, како секаде низ светот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче