Главниот руски нарколог на Министерството за здравство: Како вотката влијае на короната

Василиј Федосенко/Reuters
Употребата на вотка нема да придонесе за заштита од коронавирусот, ниту ќе им помогне на заболените, изјави Евгениј Брјун, главен нарколог при руското Министерство за здравство. Алкохолот попрвин би можел, како што наведе тој, да го продолжи процесот на заздравување и да ја влоши ситуацијата.

Тврдењата дека вотката наводно лечи од сите болести се само мит, рече Брјун.

„Алкохолот испарува многу брзо, па нема многу резон превентивно да се нанесува на рацете надевајќи се дека така ќе се заштитите. Попрвин животот ќе ви се претвори во непрестајно квасење на рацете со алкохол отколку што тоа ќе има некаков ефект. Доколку вотката би се земала орално во превентивни цели, тогаш би требало да се испијат количини еднакви на смртоносна доза“.  

Многумина пијат алкохол за да ги дезинфицираат усната празнина и хранопроводот, заборавајќи дека вирусот влегува во организмот преку слузницата, но не само на усната празнина, туку и на очите и носот. А алкохолот тука би вил проблем. Затоа сето тоа не е многу смислено, заклучи рускиот нарколог.

Тој додаде дека ниту пушењето не може да заштити од корона бидејќи доведува до патолошки процеси.

Најважно е да се придржувате до општоприфатените правила, да се води сметка за хигиената, рацете да бидат чисти, да се мијат лицето и очите, да се пие вода, а маската има доволно пукнатини низ кои би можел да помине вирусот, смета Брјун.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња