Поради пандемијата на коронавирус во многу земји е воведен карантин, а луѓето прават залихи од намирници за да го поминат времето опуштено во изолација. Оние кои ги доживеаја дефицитот на роба во СССР и економската криза на 90-тите, имаат чувство дека историјата се повторува.
Во Русија, за разлика од сé поголемиот број европски земји, не важи тоталниот карантин и функционира сé, но во многу продавници се појавија празни рафтови. Претставниците на трговските синџири велат дека едноставно не можат да стигнат да ја изнесат робата од магацин поради наглото зголемување на побарувачката. Што сé се наоѓа во рускиот пакет за црни денови?
Московјани, кому му треба хелда? Во Смоленск имаме сешто!
Никаде на светот хелдата не е толку популарна како во Русија и другите постсоветски земји. Тоа делумно може да се објасни со фактот дека токму хелдата најдобро успева во суровите услови на руската клима, евтина е и има долг рок на траење. Освен тоа, богата е со белковини и не содржи глутен. Сé на сé, идеална храна!
Прати по хелда!
Во сите вонредни и апокалиптични ситуации токму хелдата е она што најпрво исчезнува од продавниците. Така беше и во советско време, и во 90-тите, и денес, во времето на коронавирусот.
Исто така се купуваат ориз и макарони, но со помал интензитет. Освен тоа, денес модерната зелена хелда (термички необработена) не се бара, како ни макароните во вид на машнички (фарфали) во Италија.
Не може да се каже дека во Русија „тушонката” (конзервирано динстано месо) е популарна како посебно јадење. Можеби така ја јадат само старите рибари. Во секоја продавница или на пазар можете да купите свежо месо, а тоа истовремено е поевтино од конзервите. Би се рекло дека можете да го замрзнете и дека ќе стои исто толку долго како и конзервираното, но таа тајна очигледно не ја знаат сите. Дури и младите деновиве складираат токму месни конзерви.
Причината е јасна: конзервите можете да ги чувате и надвор од фрижидер до пет години, па и повеќе. А тоа е она што ќе ве спаси ако ја исклучат струјата (а знаеме дека таквите случаи не се реткост за време на криза).
Затоа месните конзерви ги разграбуваат веднаш.
Освен тоа, конзервирано месо луѓето во Русија често подготвуваат и дома, така што говедското и свинското ги пакуваат во тегли и ги варат.
Исто така, од продавниците брзо исчезнуваат солта и шеќерот кои можат да се чуваат речиси вечно.
Многу млади Руси и ден-денес кај постарите членови на своите семејства пронаоѓаат советски сапуни кои порано се купуваа во големи количини. Тие се добри и за перење алишта и за раце. Имаат специфичен мирис, но се ефикасно средство против бактерии и габички.
или
Освен сапун, Русите исто така складираат купишта секакви средства за дезинфекција, од популарната „Комета“ до обична варикина. Се разбира дека секаде недостигаат маски и ракавици.
А што е со тоалетната хартија? На рускиот интернет се масовни шегите за тоа како да се спасите од коронавирусот со помош на тоалетна хартија.
Но, шегата настрана, сите се снабдија со неколку резервни пакувања, за секој случај!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче