Рускиот претседател Владимир Путин гледа на часовникот на конференција за новинари по 11 самит на лидерите на БРИКС во Бразил.
Рамиљ Ситдиков/SputnikЧасовникот се носи на лева рака, но тоа не важи за рускиот претседател. Оној што има добро внимание веројатно има забележано дека Путин секогаш носи часовник на десната рака. Зошто?
Тоа е првото нешто што на човека може да му падне на ум. Се смета дека само левучарите го носат часовникот на десна рака, зашто не е згодно да се пишува со раката на која се носи часовникот. Но, оваа претпоставка отпаѓа зашто Путин пишува со десна рака.
За волја на вистината некои кријат дека се левучари, па поголем дел од работите ги прават со десна, а она што е помалку важно несвесно го прават со левата. Тешко е да се каже дали Путин е еден од нив.
Постои мислење дека тој е амбидекстер. Така се нарекуваат луѓето кои обете раце ги користат подеднакво вешто. „Амбидекстерите истовремено ги користат обете хемисфери на мозокот, така што кај нив одлично функционираат и интуицијата и логиката. Доколку се изразиме со компјутерска терминологија, ним им се инсталирани два оперативни системи и тие можат да ги користат истовремено. Денес кај 50-годишниците има еден амбидекстер на десет илјади луѓе, а на возраст од 30 до 40 години има еден на илјада. Ќе сфатите какви луѓе се тоа ако кажам дека и претседателот на Русија Путин е амбидекстер“, вели меѓу другото психофизиологот и докторот по медицина Владимир Пугал.
Владимир Путин на тренинг по џудо за време на посетата на спортскиот центар Југ-Спорт, 14 февруари 2019 година.
Михаил Климентјев/SputnikПостои и теорија поврзана со џудото. Владимир Путин како мајстор на спортот во дисциплините џудо и самбо веројатно има слушнато за енергетски важните точки на телото (според древниот кинески систем за медитација Фукури). Многу луѓе кои тренираат источни боречки вештини обрнуваат внимание на овие точки. Според овој систем, мажите токму на левата наддланка имаат три мошне важни точки. Една од нив е одговорна за работата на срцето. Ако некој верува дека бразлетна ги блокира овие точки, тогаш има смисла да носи часовник на другата рака. Федералните медиуми во текот на минатата деценија многу пишуваа за тоа дека Путин се придржува на овие ставови.
Но, сега ќе ги разочараме љубителите на сиве овие интригантни теории. Имено, Путин самиот кажа зошто го носи часовникот на десната рака. Ова прашање за првпат му беше поставено во 2002 година на крајот од двочасовната комуникација со граѓаните во директна телевизиска програма.
Путин на церемонијата на полагање венец на Гробот на незнајниот јунак пред ѕидините на Кремљ по повод 77-годишнината од почетокот на Големата татковинска војна. Москва, Русија, 22 јуни 2018 година.
Михаил Мецељ/TASS„Часовникот го носам на десната рака зашто така не ме жули копчето на механизмот за навивање. Тоа е единствената причина“, рече тогаш Путин.
Според сè, овој одговор со текот на времето беше заборавен зашто во 2018 година на Путин повторно му беше поставено истото прашање. И одговорот беше ист: „Ако го ставам на левата рака, тогаш копчето од механизмот за навивање ме жули, тоа не е пријатно и боли. Затоа го ставив на десната рака“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче