Портпаролот на Путин ги замоли новинарите кои не се сто проценти здрави да не доаѓаат во Кремљ

Kremlin Pool/ZUMAPRESS.com/Global Look Press
Коронавирусот на ниеден начин не влијаеше на распоредот на активностите на Владимир Путин кој, според тврдењата на неговиот портпарол, работи „со полна пареа”.

Портпаролот на претседателот на Русија им советуваше на новинарите да не доаѓаат во Кремљ доколку чувствуваат слабост. Тој истакна дека шефот на руската држава продолжува со работа и дека се преземаат сите мерки за негова заштита.

„Ве молам да бидете особено внимателни кога се работи за симптомите на коронавирусот. Ако се чувствувате лошо и според своето чувство не сте сто проценти здрави, ве молам, немојте да доаѓате во Кремљ“, рече Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.

Според него, се преземаат сите мерки со цел заштита на претседателот од било какви заболувања. Притоа коронавирусот на ниеден начин не влијаеше на распоредот на активности на Владимир Путин кој, според тврдењата на неговиот портпарол, работи „со полна пареа“.

Песков исто така рече дека по 1 април повторно ќе биде разгледана неопходноста од превентивни мерки против 2019-nCoV. На тој начин тој одговори на прашањето дали вирусот ќе влијае на гласањето за амандманите на Уставот на РФ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња