Путин: „И мене некогаш ме мамеле продавачите па потоа ништо не им се случи“

AFP
„Што воопшто можеше да се направи во времето на СССР? Те измамиле, ти ги украле парите? Ништо, тераш понатаму“, рече Путин.

Претседателот на Русија Владимир Путин раскажа дека и него, се разбира, го мамеле советските продавачи, но не сакал да се „’рчка“ со нив.  

„Се разбира дека имаше такви работи“, одговори шефот на руската држава во интервју за агенцијата ТАСС и додаде дека на оние кои го краделе потоа „ништо не им се случи“.

„Што воопшто можеше да се направи во времето на СССР? Те измамиле, ти ги украле парите? Ништо, тераш понатаму“, рече Путин. „Секој ден не ме мамеа. А кога ќе сфатев дека ме измамиле, не се ‘рчкав со нив. Секогаш е подобро без кавга“.

На прашањето дали трговците се измамници, Путин одговори дека постои таква претстава во свеста на народот. „И јас сум дел од тој народ. И, да бидеме чесни, сите така мислиме“, се насмевна претседателот на Русија. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња