Сакаат ли Русите жена за претседател?

Kremlin.ru
Во споредба со 2016 година, идејата претседател на Русија да биде жена повеќе не е популарна меѓу Русите.

Процентот на Руси кои не би имале ништо против  жена да биде претседател на Русија пред четири години изнесуваше 31%, а сега спадна на 21%, додека не би сакале жена за претседател 68% од анкетираните, во споредба со 61% пред четири години. Такви се резултатите од анкетата на Серускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ) и Центарот за политичка конјунктура (ЦПК).

Слични се резултати и на прашањето жена за премиер. Оваа година само 31% испитаници немаат ништо против жена премиер, додека во 2016 година такви имаше 55%.

Жена на чело на некоја партија во 2016 имаше 66% шанси, додека оваа година 51%. Истовремено, поголем е бројот на оние кои не го сакаат тоа.

Инаку, не постои разлика во одговорите меѓу машкиот и женскиот дел од испитаниците, односно мажите и жените подеднакво не сакаат да видат жени на функции на кои се донесуваат важни одлуки.

Што се однесува до конкретни примери на жени во политиката, анкетираните им даваат предност на веќе познатите претставнички на поубавиот и понежен пол: на Валентина Матвиенко (19%), Марија Захарова (11%), Ела Памфилова (5%) и Елвира Набиулина (5%). 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња