Интересот за руските куќи за зомби-апокалипса нагло пораснат поради коронавирусот (ФОТО)

Интересот за таканаречените куќи за зомби-апокалипса, кои ги осмислија руски архитекти, нагло порасна на почетокот на оваа година, поточно, се зголеми за шест пати, поради ширењето на коронавирусот, се наведува во соопштението на бирото Modern House што го пренесуваат руските медиуми.

Како што наведуваат дизајнерите на Cyberhouse (по аналогија со блиндираниот пикап Cybertruck кој есенва беше претставен од американскиот бизнисмен Илон Маск), нарачките за овие куќи кон крајот на минатата година доаѓале само од САД и Шпанија. Подоцна интересот за проектот беше поттикнат со ширењето на вирусот SARS-CoV-2. Во овој момент бројот на нарачки се искачи на 12, а меѓу нив се оние за клиенти од зафатената со коронавирусот Италија.

Бункер-куќите поради големиот број нарачки во целиот свет повеќе не претставуваат приказна за себе, туку ги одликува одреден архитектонски стил, вели Алекс Вижевски. Главната карактеристика на куќата е желбата на нејзиниот сопственик да ја заштити недвижноста од агресивни надворешни дејствија. Во италијанската верзија на објектот, според зборовите на архитектот, освен монолитен бетон, челик со висока цврстина и непробојни стакла, ќе има и системи што штитат од зрачење, како и микробиолошка заштита.

Cyberhouse во суштина е бункер на повеќе нивоа. Осмислен е за користење во екстремни ситуации - од зомби-апокалипса до нуклеарна закана. Во Русија една бункер-куќа, предвидена за шест-седум лица, чини почнувајќи од 56 милиони рубли, односно од околу 750 илјади евра.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња