Во селото Никола-Ленивец во Калушката област на Русија оваа година продолжи традицијата на палење необични уметнички објекти со големи димензии во чест на прославата на Масленица (Бела недела пред велигденскиот пост). Овој пат беше запален дрвен мост, а пред палењето преку него поминаа сите учесници во прославата.
Изградбата на конструкцијата почна уште кон крајот на декември. За изградбата беше користено суво дрво оштетено од инсектот поткорник, како и оштетени палети, слама и отпадоци од дрвен градежен материјал. Мостот беше висок 20 метри, а долг 54.
Меѓу населението на селото Никола-Ленивец од 2001 година заживеа обичајот за Масленица да не се пали само страшило, туку и некоја голема конструкција. Во текот на изминатите години беа запалени повеќе уметнички објекти: Бастиља, Бајконур, огромна разладна кула, пирамида и други објекти, а 2018 година беше запален „готски храм”, нешто што медиумите подоцна го прогласија за претскажување на пожарот во Нотр Дам.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче