Меѓу припадничките на Воздушно-десантните сили во Тула почна натпревар во убавина и професионална вештина под називот „Украс на Воздушно-десантните сили 2020”. Во натпреварот учествуваат жени-војници од различни градови на Русија – од Псков до Усуријск.
Жирито од 12 кандидатки ќе ја одбере девојката која ќе стане „Украс на ВДВ“. Кандидатките ќе учествуваат во неколку натпреварувања, покажувајќи ја својата убавина, вештина и морално-духовните карактеристики.
Девојките ќе изведат гаѓање од различни типови оружје, ќе подготват готварски специјалитети, ќе се натпреваруваат во шиење, а исто така ќе смислат и креативни настапи и ќе изведат танц.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче