Како Путин со ефектни фрази ги збунува новинарите и преведувачите?

Getty Images, Илья Питалев/Sputnik
Во текот на годините кои ги мина на местото претседател на земјата Владимир Путин стана познат, меѓу другото, по своите прецизни, духовите, а понекогаш и дрски изјави. Некои негови фрази начисто ги имаат збунето преведувачите и ги имаат изненадено слушателите. Ова се некои од незаборавните искази на Путин.

1. „Ние не знаеме да стоиме расчекорени“

Во 2009 година претседателот на САД Барак Обама, зборувајќи за иднината на руско-американските односи, рече: Русија „со една нога стои на стариот пат на развојот на односите, а со другата нога на нов“. Путин му одговори со зборовите кои е тешко да се преведат „Ние не знаеме да стоиме расчекорени, ами стабилно стоиме на нозете и решително гледаме во иднината“.

Претседателот го употреби овој духовит израз како метафора, сакајќи да каже дека Русите точно знаат каде одат и дека не се сомневаат во својот избор.

„Бев преведувач-почетник. Го гледав прилогот на телевизија и си помислив: фала Богу што не морам ова да го преведам“, изјави неодамна во едно интервју Алексеј Садиков, советник во јазичното одделение на Министерството за надворешни работи на Русија, кој ги има преведувано говорите на Путин.

2. „Донбас не тера празна кола“

Во 2019 година на годишната конференција за новинари во Москва претседателот Путин го објаснуваше својот однос кон Минскиот договор, кога одненадеж исфрли фраза од, според него, „хулиганскиот, акционен“ жаргон: „Донбас не тера празна кола“.

Народските изрази од устата на претседател секогаш звучат необично. „За оваа фраза преведувачите подоцна долго дискутираа. Се сложија дека требало да биде преведена како: Донбас не зборува бесмислици“, вели Наталија Красавина, трет секретар на Јазичното одделение на Министерството за надворешни работи на Русија.

3. „А и Б седеа на оџакот“

Во 2005 година Путин пристигна во официјална посета на Германија. На еден состанок претседателот на Русија почна на германските колеги да им објаснува како се формира цената на рускиот гас кој се извезува во Германија. Претседателот се занесе и за да биде појасен во своето излагање цитираше една детска загатка. Но, за да не ги збуни преведувачите премина на германски:

Путин на овој начин сакаше да им објасни на слушателите дека помеѓу Русија и Германија постојат и други земји за кои некои можеби заборавиле. Така и децата забораваат дека на оџакот седеле А, Б, но и И.

Изгледа дека не сите разбраа што сакаше да им каже претседателот.

4. „Да го потфатите зад аголот“

Во 2012 година во разговорот на Путин со фудбалските навивачи се појави темата за единствениот државен испит што учениците го полагаат за упис на факултет., Одговарајќи на критиката на овој испитен систем, Путин истакна дека покрај него во моментот се наоѓа братот на министерот за образование.

„Можете малку да го потфатите зад аголот, па нека му ги пренесе на брата си вашите поздрави“, се пошегува претседателот. Некои луѓе подоцна на интернет го бараа значењето на зборот „отбуцкать“ што претседателот тогаш го употреби. Станува збор за шегаџиски израз кој може да се употребува во разговор со пријателите.

5. „Да се сотрат“

На Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум модераторот му се обрати на Путин со прашање за санкциите. Токму тогаш претседателот во својот одговор го употреби жаргонскиот збор „уконтропупить“.

„Засега сите санкции се сведуваат на тоа од моето лично опкружување да се издвојат некои луѓе што ми се блиски, мои пријатели, и тие, како што велат кај нас во некои кругови, да се сотрат, односно да се казнат поради нешто“.„Уконтропупить“ значи „да се ограничи, потисне, прекине нечија активност или да се уништи некој“. Овој збор денес се користи мошне ретко и затоа беше необично да се слушне од устата на претседателот.

6. „Сите крави нека мукаат,само вашата нека молчи“

Во 2010 година Путин како премиер на Русија учествуваше во работата на Руско-француската комисија за билатерална соработка на ниво на претседател на влада. Разговорот со новинарите дојде до темата за сајтот Викиликс и демократизацијата, кога Путин уфрли едноставна, но ефектна пословица, која попрво може да се очекува од ученик одошто од премиер:

„Кога станува збор за демократијата: ако веќе е демократија, тогаш нека биде целосна. Зошто господинот Асанж го затворија? Дали е тоа демократија? Кај нас на село се вели: подобро да се покријат ушите. Би сакал на нашите американски колеги да им ја вратам топката на нивната половина“. Оваа шегаџиска изрека за кравата се користи кога соговорникот ве обвинува за нешто во кое и самиот греши.

7. „Ќе ги решиме во клозет“

Својата најлегендарна фраза Путин ја изговори во далечната 1999 година кога беше претседател на владата. Одговарајќи на новинарско прашање за борбата против тероризмот, Путин изговори фраза која веднаш беше „примена кај народот“: „Ние насекаде ќе ги следиме терористите. Ако мора на аеродром, тогаш на аеродром. Значи, извинете на изразот, ќе ги фатиме во тоалет, па ќе ги решиме во клозет, на крајот на краиштата. Готово, тоа прашање е завршено“. Фразата „ќе ги решиме во клозет“ брзо беше прифатена кај народот. Таа укажува на непоколебливост и на решителност во извршувањето на одлуките.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња