Прочуената Марија Шарапова се повлекува: Најважните моменти од кариерата (ФОТОГРАФИИ)

Getty Images
Руската тенисерка Марија Шарапова ја заврши спортската кариера по 28 години занимавање со тенис и триумф на пет Гренд слем турнири. Како се развиваше Маша, што постигна и за што се бореше сиве овие години: За тоа зборуваме во нашата фотогалерија.

„Како да го оставам единствениот живот за кој знам? Како да заминам од тениските терени на кои тренирав уште како девојче? ...Јас сум почетник во ова, и затоа ве молам да не ми замерувате. Морам да му кажам 'збогум' на тенисот – ова за завршувањето на спортската кариера го напиша Шарапова во статија за американското списание „Вог“. Заминувањето го образложи со повреди и со возраста. Шарапова сега има 32 години.

Марија е родена на Сибир, каде нејзиното семејство се преселило од белорускиот град Гомељ неколку месеци пред нејзиното раѓање.

Родителите ја запишале Маша на тенис кога наполнила четири години, а веќе на шест години одигра меч со прочуената Мартина Навратилова, која држела показен тренинг во Москва и прва го забележала талентот на Шарапова.

По совет на некогашната најдобра светска тенисерка семејството на Марија во 1995 година се преселило во САД. Родителите ја запишале Шарапова на тениската академија на Ник Болетиери на Флорида. Во прво време семејството живеело во лоши услови,го штедело секој цент зашто таткото на Марија Јуриј Шарапов не знаел англиски и извесно време не можел да најде работа.

Марија Шарапова на Индијан Велс, Калифорнија, 3 март 2002 година.

Првиот рекламен договор Марија го има потпишано со компанијата Nike кога имаше само 11 години, а на првиот младински турнир учествуваше на 13 години, за во 2010 година со компанијата Nike да потпише осумгодишен договор кој според процените вредеше 70 милиони американски долари.

Патрик Демаршеље (лево) ја фотографира Марија Шарапова за реклама за часовниците TAG Heuer на плажа во Малибу.

Маша се прослави во 2004 година кога имаше 17 години. Тогаш триумфираше на Вимблдон, најпрестижниот Гренд слем турнир, победувајќи ја Серена Вилијамс. Оттогаш таа стана нејзин долгогодишен главен соперник.

Марија Шарапова со татка си Јуриј по победата над Серена Вилијамс 6:1/6:4 во финалето на Вимблдон. Лондон, 3 јули 2004 година.

Веќе во 2005 година Шарапова стана најдобра тенисерка на светот, по што ѝ се обратија најголемите спонзори. Една година подоцна таа стана официјални лице на компанијата Порше.

Шарапова позира по донацијата во добротворни цели во вредност на автомобил Porsche Cayenne што го доби за победата на ВТА првенството во 2004 година во Мелбурн, Австралија. 28 јануари 2005 година, дванаесет дена по турнирот Australian Open.

Првото разочарување го доживеа во 2007 година кога почна да чувствува болка во рамото. „Најпрво тоа беше дреболија, мала болка во рамото за време на сервисот. Со текот на времето почна да станува појака“, пишува Шарапова во својата автобиографија. Набргу ситуацијата излезе од контрола. Лекарите рекоа дека дошло до пукање на тетивите и дека е потребна итна операција.

Шарапова дава изјава за медиумите по поразот од Серена Вилијамс на турнирот Australian Open на 27 јануари 2007 година, Мелбурн, Австралија.

Следуваше прекин во занимавањето со тенис поради операција и рехабилитација, по што Маша ја продолжува кариерата. Болката не поминува, но таа се обидува да се навикне на неа. Покрај спортот почнува да се занимава и со хуманитарна работа. Со поддршка на ООН основа свој фонд за поддршка на жртвите од чернобилската трагедија и на нивните семејства,

Ал Мелкерт, заменик на администраторот за Развојна програма на Организацијата на Обединетите Нации, прима чек од Шарапова на конференцијата за новинари на 14 февруари 2007. Марија ја искористи можноста да донира 100.000 американски долари за осум проекти за санација на чернобилската трагедија.

Основа и сопствен бренд на слатки и на аксесоари „Sugarpova“. „Кога дојде до тој прекин [поради повредата], се запрашав: 'Маша, играш тенис толку години, треба да размислиш и за нешто друго', раскажува Шарапова во интервју за рускиот весник „Ведомости“.

Тенисерката Марија Шарапова на церемонијата на отворањето на брендот „Sugarpova“ во продавницата Хенри Бендел на 20 август 2012 година во Њујорк.

Во тоа време се забавува со словенечкиот кошаркар Саша Вујачиќ (беа свршени, но се разделија во 2012 година поради големата оптовареност во спортската кариера). По него Марија се забавуваше со бугарскиот тенисер Григиор Димитров, поранешно момче на Серена Вилијамс. Се разделија летото 2015 година.

Марија Шарапова и Саша Вујачиќ на изложбата на колекцијата на Марија Шарапова со учество на компанијата Cole Haan и на списанието Interview Magazine на 26 август 2010 година во Њујорк.

Вториот голем удар во кариерата го доживеа во 2016 година кога призна дека користела мелдониум кој е забранет од страна на Светската антидопинг агенција (ВАДА). Поради скандалот со допингот грбот ѝ го вртат поголемиот дел рекламни спонзори. Забраната за учество на натпревари траеше 15 месеци. За волја на вистината, тоа време не беше изгубено – се запиша на бизнис-школата на Харвард.

Марија Шарапова на конференција за новинари во Лос Анџелес соопштува дека не ја поминала контролата за допинг на Australian Open зашто Светската антидопинг агенција на списокот на забранети препарата оваа година го додаде мелдониумот, кој Шарапова го користела од 2006. Калифорнија, 7 март 2016.

Кога се врати во спортот, победи на еден турнир на WTA, потоа ги менуваше тренерите, но повеќе не однесе ниту една важна победа. Последниот меч го одигра на 21 јануари 2020 година на првиот Гренд слем турнир, кој исто така го изгуби.

Марија Шарапова пред мечот од првиот круг на турнирот Australian Open 2020 година против Дона Векиќ од Хрватска. Мелбурн, Австралија, 21 јануари 2020 година.

„Кога ќе се осврнам на својот досегашен живот, сфаќам дека тенисот беше мојата планина. Мојот пат водеше низ долини, се извиваше, но погледите од врвот беа неописливо убави. Сега, по 28 години и пет Гренд слем титули, подготвена сум да се искачам на некоја друга планина и да погледнам на некој друг терен“, вели Шарапова.

Шарапова на Неделата на модата во Њујорк, 11 февруари 2020 година.

Кон крајот на февруари годинава Форбс ја прогласи Шарапова за најдобро платен руски спортист на деценијата. Во период од 10 години таа има заработено 197.8 милиони американски долари. На Инстаграм објави фотографија со венчален прстен. Од 2018 година се забавува со британскиот милионер Александар Гилкес.

Марија Шарапова и Александар Гилкес на забавата на Vanit Fair по повод доделувањето на наградите Оскар. Беверли Хилс, Калифорнија, САД, 9 февруари 2020 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња