Марија Шарапова ја заврши тениската кариера

Reuters
Победничката на пет Гренд-слем турнири се збогува со спортската кариера.

Марија Шарапова објави дека ја завршува тениската кариера. Триесет и двегодишната спортистка го изјави ова во авторскиот текст за „Венити Фер“.

„Како може да се остави зад себе единствениот живот за кој знаеш? Како може да се отиде од терените на кои тренираш од детство, да се напушти играта која толку ја сакаш и која ти подарувала и солзи и радост? Да се отиде од спортот во кој си го пронашла семејството, но и навивачи кои те поддржувале 28 години“, се запраша Шарапова нагласувајќи дека за неа сето тоа е новост, замоли за извинување и му рече на тенисот „До видување“.

Шарапова дебитираше на турнирите за возрасни во организација на Меѓународната тениска федерација во 2001 година, на свои 14 години. Беше победничка на пет Гренд-слем турнири (во периодот од 2004 до 2014 година) и го освои сребрениот медал на Олимпијадата во Лондон 2012 година.

Во позадината на допинг скандалот 2016 година, Шарапова свика конференција за новинарите во Америка на која призна дека во нејзиниот примерок е пронајдена забранетата супстанца мелдониум. Таа рече дека не обрнала внимание на новиот список со забранети супстанци што го објави ВАДА.

Меѓународната тениска федерација ја дисквалификуваше Шарапова на две години. Подоцна тој рок беше скратен на 15 месеци. По враќањето на терените таа победи на турнирот во Тјенцин 2017 година.

Од 2007 година имаше проблеми со рамото, поради кои беше принудена да се откаже од многу турнири. Александар Медведев, директорот на WTA турнирот во Петербург од кој таа се повлече, ја нарече повредата хронична.

Шарапова испадна во оваа година од Австралија Опен и од листата на првите 350 тенисерки на светот.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња