Рускиот нуркач на здив Алексеј Молчанов влезе во Гинисовата книга на рекорди

Скриншот
Алексеј Молчанов се нурна на 25 февруари под мразот во Амерјевскиот каменолом за доломити во Подмосковје и со еден здив нуркаше 180 метри, на тој начин соборувајќи го светскиот рекорд.

Ова за Агенцијата за градски новости „Москва“ го соопштија од асоцијацијата под назив „Федерација на нуркачи на здив“.

„Во Шчолковскиот реон на Московската област е срушен рекордот од Гинисовата книга во нуркање на здив под мраз. Алексеј Молчанов, 14-кратниот шампион на светот, носител на 18 светски рекорди и претседател на советот на асоцијацијата „Федерација на нуркачи на здив“, изнурка под мразот на Амерјевскиот каменолом за доломити 180 метри со монопераја“, се вели во соопштението на асоцијацијата.

Како што се прецизира, нуркањето под мраз е една од најтешките дисциплини во нуркањето на здив.

Секоја година организаторите на соборување на рекорди добиваат илјадници пријави на еминентни спортисти, но во целиот свет има многу малку луѓе кои се подготвени да се испробаат токму во нуркање под мраз, и повеќе се определуваат за дисциплини во базен. Тие го објаснуваат тоа со фактот дека подготовката на повеќето нуркачи на здив се базира на системот на легендарната Наталија Молчанова, „кралицата на нуркањето на здив“, каде е најважна целосна деконцентрација на вниманието и опуштеноста, што е особено тешко да се постигне во студена вода. „Факторот на студенило го стимулира организмот и не го обезбедува потребниот ефект, а покрај тоа, присутен е и психолошкиот притисок, затоа што спортистот нема можност да исплива во секој момент, т.е. мора да стигне до однапред подготвеното место каде што е отворен мразот, така што тоа е дополнителен стрес-фактор“, објаснија за московската новинска агенција.

Претходниот рекорд му припаѓаше на францускиот спортист Артур Гуеран-Бојер, кој во 2017 година под мраз нуркаше 175 метри.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња