Кратко возеше Бетмен по Русија: Во Москва забележан бетмобил, но полицијата го исклучи од сообраќај

скриншот YouTube
Необичен настан се случи овие денови на Кутузовскиот проспект во Москва. Сообраќајната полиција запре бетмобил! Не е шега. Копија на возилото на Бетмен крстосуваше по главниот град додека не им падна в раце на полицајците и тоа со причина: автомобилот не ги задоволува прописите. (ВИДЕО)

Зошто возилото на суперхеројот не може на руските патишта? Како што соопшти прес-службата на московската полиција, ова сообраќајно средство е направено надвор од фабричките норми. Освен тоа, не е регистрирано во државните органи, нема сертификат за одобрен тип на сообраќајно средство ниту дозвола за учество во сообраќајот. Освен тоа, полицијата изврши мерења и утврди дека габаритите на бетмобилот ги надминуваат дозволените норми.

Против 32-годишниот возач кој се наоѓаше зад воланот се покренати три прекршочни постапки, а возилото е испратено на специјализиран паркинг.

Од каде толку необична кола на московските улици? Бетмобилот од Америка го увезе студиото FastBoomPro, кој во Русија го надгради. Есента 2019 година се продаваше на Авто.ру за 55 милиони рубли (околу 900000 долари).

Продавачот објасни дека бетмобилот има многу „суперхеројски“ карактеристики: камера за ноќно набљудување, термовизиска камера со моќен зум, ласерски нишан и копија на топ кој симулира гаѓање. Штета што сето тоа не ги импресионираше полицајците.

Секоја чест за суперхероите, но и за нив се чини дека важат сообраќајните прописи!

 

 

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња