Еди Браво, џиу-џицу тренерот на американскиот ММА-борец Тони Фергусон, вели дека тие одамна се подготвуваат за Хабиб Нурмагомедов.
„Ние одамна се подготвуваме за Хабиб. Секогаш се подготвуваме за најлошото можно сценарио, а Хабиб е токму тоа“.
Еди Браво смета дека Хабиб е веројатно најдобриот ММА-борец во историјата на спортот. „Тоа е најголемиот предизвик за нас“, ги наведува неговите зборови MMA Junkie.
Хабиб Нурмагомедов ќе ја брани титулата во лесна категорија на 18 април во Бруклин, Њујорк. Хабиб има 28 победи и ниту еден пораз во УФЦ, додека 35-годишниот Фергусон има 25 победи и 3 порази.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче