Писмо со своерачниот потпис на шефот на руската држава Владимир Путин од септември 2001 година, упатено до советскиот новинар, стручњак за Америка, Валентин Зорин, е продадено на аукција во Москва по цена од 340 илјади рубли (околу пет илјади евра), пишуваат руските медиуми.
Владимир Путин во писмото му се заблагодарува на авторот на книгата „Непознато за познатото“ што писателот му ја испратил.
„Почитуван Валентин Сергеевич, би сакал најискрено да ви се заблагодарам за подарокот. Со голем интерес се запознав со содржината на книгата „Непознато за познатото“ што ми ја испративте. Верувам дека читателите ќе го ценат според заслугата вашиот оригинален, малку неочекуван поглед на луѓето и настаните кои во неодамнешното минато го одредуваа текот на историјата“, стои во писмото кое своерачно го потпишал Владимир Путин.
На аукцијата е продадено и руското издание на „Игра на престоли“ на Џорџ Мартин кое авторот го потпиша при својата единствена посета на Русија и тоа за 15 илјади рубли, како и бејзбол-капче со потпис на популарниот музичар Сергеј Шнуров од групата „Ленинград“ (по цена од 4,2 илјади рубли). И за своерачните потписи на Астрид Линдгрен, Валентина Терешкова, Јуриј Гагарин и други познати личности имаше заинтересирани купувачи.
Најголем интерес, сепак, предизвикаа лотовите со познатиот режисер и сценарист Андреј Тарковски. Така, неговите белешки правени во текот на работата над филмот „Огледало“ се продадени по цена од 160 до 640 илјади рубли.
Негативите и оригиналните фотографии снимени на сетот на „Сталкер“ на кои покрај Тарковски се гледаат Александар Кајдановски и Анатолиј Солоницин се продадени по двојно поголема цена од почетната (120 илјади рубли). Каталогот на грузискиот сликар Ален Рижинашвили кој во 1981 година го потпишале Андреј Тарковски и Сергеј Параџанов е продаден за 195 илјади рубли, пренесуваат медиумите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче