Руските мажи ги прашаа кои се идеалните години за стапување во брак. Еве што велат!

ЗАГС (матична служба) во Царицино, Москва

ЗАГС (матична служба) во Царицино, Москва

Press photo
Повеќе од половината анкетирани мажи (58,6 отсто) смета дека регистрацијата на првиот брак е предуслов за среќен заеднички живот. Уште 31,4% се согласуваат дека регистрацијата во матичната служба е исклучително пожелна.

Повеќе од половината анкетирани мажи (58,6%) сметаат дека официјализирањето на првиот брак е задолжителен услов за среќен заеднички живот. Уште 31,4% се согласуваат дека официјалната регистрација на бракот е многу пожелна. Тие го изнесоа овој став во анкетата на Федералната служба за државна статистика.

А само 10% испитаници не се подготвени да ги озаконат вонбрачните односи.

Притоа просечната старост на руските мажи при склучувањето брак е 27 и пол години. До 30-та година од животот големо мнозинство припадници на посилниот пол е веќе оженето или било оженето.

Но пред свадбата идните сопружници би требало да живеат некое време заедно, сметаат мажите (43,6% испитаници). И жените во тоа целосно ги поддржуваат.

Од оние мажи кои живеат во вонбрачна заедница повеќе од 40% не сакаат да ја озаконат врската ако не дојде до бременост, а 33% не планира да го стори тоа ни по раѓањето на детето.

Најодлучни по повод исполнувањето на брачните обврски се мажите со средно стручно и завршено високо образование. Половината мажи би сакале да одгледуваат две деца. А 20% планираат да имаат три. Меѓу причините кои ги спречуваат да имаат поголемо семејство мажите ги наведуваат материјалните тешкотии, несигурната иднина и станбените проблеми.

Статистиката покажува дека во Русија доаѓа до таканаречениот „парадокс на обратна поврзаност“ на наталитетот и нивото на приходите, кој се случува во сите развиени земји.

Суштината на овој феномен е во тоа што посакуваниот и очекуваниот број на деца е најголем во групите кои се ограничени според нивото на приходи: деца најмногу сакаат да имаат мажите во релативно сиромашните и релативно богатите семејства. Во семејствата со средно ниво на приходи разликата меѓу посакуваниот и очекуваниот број на деца е минимална.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња