Заразени со љубов: Двајца млади Руси се запознаа и се засакаа при евакуацијата од Вухан

Global Look Press
Се запознаа и се вљубија чекајќи да се качат во авионот.

Вистинска љубов изби меѓу Ина Савинцева од Кировскиот регион и Даниил Парфенович од Краснојарск во текот на евакуацијата на руските граѓани од кинескиот град Вухан во руски Тјумен, пишува порталот на телевизиската станица „Ѕвезда“.

„Ме придоби така што не ја почувствував вообичаената граница меѓу луѓето во комуникацијата. Човек од креативното милје, тоа е супер. Ги делиме истите животни вредности и перспективи, само што кај мене се работи за музика, а кај него за бизнис и фотографија“, рече Ина.

Откако пристигнаа во карантин, бидејќи беа распоредени во различни соби, во текот на двете недели разговарале само преку социјалните мрежи. Нивната прва средба во Москва треба да се случи наскоро.

„Би сакал наскоро да дојдам во Москва да ја видам Ина и да поразговараме, да бидеме заедно без да обраќаме внимание на ништо друго“, рече Даниил.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња