Силна светлина на небото над Костомукша ги разбуди локалните жители ноќта меѓу 19 и 20 февруари. Светлината ја предизвика пад на метеор меѓу Костомукша и населбата Ледмозјеро. Кадрите забележани од безбедносни камери се објавени на интернет.
Снимката е направена во 4:35 наутро, објави порталот aif.ru. Локалните жители, коментирајќи го инцидентот на социјалните мрежи, истакнаа дека падот на метеорот го следел грмеж од кој се треселе прозорските стакла.
Костомукша е изграден во советско време како град за снабдување на пограничниот рударско-преработувачки комбинат на местото на истоименото село. Опфаќа површина од околу 15 квадратни километри и има околу 30 илјади жители.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче