76 отсто Руси се сметаат себеси за добри луѓе

Global Look Press

Седумдесет и шест отсто од жителите на Русија веруваат дека се добри луѓе, покажа истражувањето на Серускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ) спроведено по повод Светскиот ден на добрината.

Мнозинството испитаници кои себеси се сметаат за добри луѓе го сочинуваат жени (42 отсто), додека меѓу популацијата меѓу 25 и 44 години се наоѓа најголемиот број на оние кои себеси се карактеризираат на наведениот начин.

Притоа 72 отсто испитаници сметаат дека не можат да се наречат добри луѓе оние кои на тој начин се однесуваат само спрема блиските луѓе.

75 отсто Руси го смета своето опкружување за добро, а меѓу нив најмногу се оние меѓу 18 и 24 години.

Според мислењето на жителите на Русија, добриот човек е подготвен да помогне и поддржи (28 отсто), сочувствува (27 отсто), ги сака луѓето (8 отсто), прави добри дела (8 отсто) и ја зборува вистината (8 отсто).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња