На Бајкалското езеро одржана спектакуларна екстремна трка „Ледена бура” (ВИДЕО)

Зимниада
Околу 50 спортисти од Русија, Чешка, Австрија и други земји учествуваа во екстремната трка „Ледена бура“, која секоја година се одржува на Бајкалското езеро. Трасата долга 205 километри тие ја поминаа на скии, лизгалки и велосипеди.

И покрај ниската температура и тешката ледена патека, до целта стигнаа преку половината од учесниците во маратонот.

Бајкалската екстремна трка „Ледена бура” е единствениот руски проект за љубителите на екстремни физички напори. Трката се одржува секоја година на крајот на јануари-почетокот на февруари.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња