Вучиќ му подари на Шојгу ловечка пушка „Црвена застава“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ му подари ловечка пушка на министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу, а од гостинот доби на подарок албум со негови цртежи и работи во дрво.

Шојгу се наоѓа во работна посета на Белград. Српската страна истакнува дека тоа е негова прва посета на странска земја по повторното именување на функцијата министер за одбрана на Русија.

„Му благодарам на Сергеј на посебниот подарок: албум со негови цртежи, скици и работи во дрво... За подарок на драгиот пријател: ловечка пушка „Црвена Застава”, напиша Вучиќ на својот профил на „Инстаграм“ и објави фотографија.

Вчера наутро рускиот министер за одбрана во Белград беше свечено пречекан од неговиот српски колега Александар Вулин со почесна стража пред Палатата на Србија. Потоа Шојгу со српскиот министер ја посети изложбата „Одбрана 78”, која е посветена на НАТО-бомбардирањето 1999 година.

На Шојгу свечено му беше врачен почесен докторат на Универзитетот за одбрана во Домот на Гардата. Тој, исто така, заедно со Вулин положи венци и учествуваше во полагањето на капсула со земја на местото на изградба на идниот споменик „Вечниот оган“ на Гробиштата на ослободителите на Белград.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња