Еве во кои руски градови најмногу го мразат Денот на вљубените

Evgeny Sinitsyn/Xinhua/Global Look Press
Порталот Kaluga-poisk.ru ги издвои градовите чии жители најчесто го критикуваат Денот на вљубените кој се паѓа на 14 февруари.

На првото место е Челјабинск. Во овој славен град честитките по повод Денот на вљубените се убедливо најомразените. Второто и третото место ги зазедоа градовите Чита и Јошкар-Ола. Ни таму не се на цена срценцата пробиени со стрела.

Новинарите на наведениот портал во пресрет на 14 февруари анализираа 180000 коментари поврзани со овој празник, издвоија автори од 208 руски градови, а потоа ги изброија „гласовите“.  

Корисниците најчесто негодуваат поради тоа што Денот на вљубените не е руски празник и е всушност само маркетиншки трик, со кој истовремено се навредуваат и чувствата на осамените луѓе, т.е. на оние кои немаат „втора половина“. Покрај тоа, авторите на негативните коментари ја критикуваат претераната слаткост која се промовира по повод празникот и не сфаќаат зошто некој би го чекал токму овој датум да ѝ изјави љубов на саканата личност.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња