Поручник на Таманската дивизија одлучи да ја запроси својата девојка со помош на 16 тенкови Т-72Б3. Видеоснимката од ова уникатно просење ја објави телевизискиот канал „Ѕвезда”.
На снимката се гледа како на подмосковскиот полигон Алабино две тенковски чети се распоредуваат во вид на огромно срце. Потоа војникот ја води својата сакана во центарот на фигурата, паѓа на колено и ја прашува дали ќе се омажи за него. Девојката радосно прифаќа.
Како што истакна дописникот на ТВ-каналот, борбените возила извеле многу сложена фигура.
„Оваа фигура не умеат да ја направат дури ни екипажите кои изведуваат тенковски балет, кои со своите возила управуваат буквално со милиметарска прецизност“, објасни тој.
Новинарот му предложи на вљубениот пар да ја закажат свадбата на лето за време на „Тенковскиот биатлон“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче