Во Јапонија се одржува „Куп на Путин“ во борбено самбо

Reuters
Куп во боречката вештина самбо која го носи името на претседателот на Русија Владимир Путин се одржува во Јапонија. Натпреварувачите првпат си ги мерат силите во борбено самбо.

Станува збор за 46. шампионат на Јапонија во самбо и осмиот Куп на претседателот на Русија. На турнирот учествуваат околу сто спортисти поделени во девет тежински категории. Победниците ќе можат да учествуваат на светскиот куп во самбо „Меморијал А. А. Харлампиев“.

Борбеното самбо се разликува од спортското по ударите со нозе и раце кои се забранети во класичната варијанта.

„За да самбото биде вброено во олимписките спортови, треба да се покаже дека е застапен ширум светот. Затоа беше потребно борбеното самбо да се вброи во програмата на натпреварувањето“, рече претседателот на организациониот комитет на шампионатот Асаи Нобујуки.

Инаку, самбото во 2018 година стана олимписки спорт на тригодишен период.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња