„Русите се некои е.ено опасни момци. Би било ред да се изразам поубаво, но тогаш нема да бидам толку прецизен. Ние во Америка исто така имаме јаки момци, но во целина во споредба со Русите ние сме слабаци“. (Joe Taylor)
„Русите кај нас се 战斗民族, што значи 'воини, борци'. Без оглед на причината, тие секогаш мораат да се борат“. (Bo Sun)
„За поголемиот број Кинези, Русинот е војник кој пишува поезија“. (Toestos Hook)
„Од Монголците во 1223 никој не успеал да ја освои Русија. Многумина се обиделе, но никој не ги решил основните логистички проблеми“. (Ryan Jiang)
„Сѐ е речено во холивудските филмови“. (Halfman Huang, Кина)
„Јас сум Англичанец и оженет сум со Русинка. Прво Русите велат дека поимот руска кујна не постои, само храна која оди со вотка... и тоа не е само шега. Руската храна е главно нешто по кое се прашуваш ‘WTF is that?’ На пример, нивната рибина чорба. Таа спаѓа во категоријата WTF. (Sean Clitheroe)
„Русите претеруваат со готвењето. Готват храна до умирачка, или храната плива во путер. Или во мајонез. Окрошка, ја мразам. Квасот и јогуртот никако не одат заедно“. (Naï Damato)
„Се зачудив кога видов двојки околу 40 или 50 години со дебели мажи и жени кои се згодни како Хали Бери. Дури и кај помладите двојки во очи ти паѓаат никаквите мажи и девојките кои изгледаат како супермодели“. (Ryo Yokoe, Јапонија)
„Јас сум Британец. Мојата девојка е половина Русинка, половина Украинка. Таа, секако, е убава. Се запознавме на еден популарен сајт за барање партнери. Кога ја видов првпат си помислив „ова е премногу за мене, оваа девојка сигурно не ме бара мене“. А, потоа дојде до мене, застани и сфатив дека токму со неа имам договорено состанок“. (Andrew McLeish)
„Русите често ме прашуваат што мислат за нив во странство. Ова е единствената земја на светот каде толку се интересираат за тоа што мислат другите. Мислам дека тоа многу зборува за луѓето“. (Amanda Tran, Австралија)
„Тоа е народ што многу страдал (сетете се на Сталин, на огромните загуби во Втората светска војна), сето тоа оставило длабока психолошка трага. Сепак, тие на светот му ја имаат дадено својата посебна уметност, книжевноста и желбата за живот“. (PJ Clarke, САД)
„Нè победивте во вселената. (Но ние ве победивме на Месечината!)“ (Fredrick Wheatley, САД)
„Учев руски три години како студент. Професорот ми даде руско име Тоља. Русија е земја на прекрасен и горд народ. Руската историја е полна со чудни ликови и херои“. (Du Shu-Jie)
„Отсекогаш сум ја сакал руската историја. Русија е дел од Европа и дел од Азија, и не припаѓа никаде. Русија никој никогаш ја нема прифатено. Дури ни мешањето на царската крв со други европски династии не помогнало“. (Leonard Wolff, САД)
„Вие не се правите дека сте среќни ако не сте. Се насмевнувате само кога за тоа има смисла. Русите се тивки, повлечени луѓе. Русија е поприродна од Америка за некои работи...“. (Fredrick Wheatley, САД)
„Народ! Што дознав за тој наод... не се смеат како ние Американците, зашто сметаат дека тоа е знак на глупавост. Интересно гледиште“. (Cortney Hollister)
„За многумина од нас Русите се луѓе кои не бараат ништо од животот. Потребни им се основни удобности, леб, цигари, вотка, да ги испратат децата на училиште, да се погрижат за старите родители, да заслужат почит и да починат во мир. Не се агресивни како што многумина мислат“. (Soogun Omoniyi)
А, што мислите вие за Русите?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче