По 78 години: Руската полиција пронаоѓа сестри кои се разделиле 1942 година во Сталинград

Во рускиот град Челјабинск до полицијата се обратила жена која рекла дека нејзината мајка родена 1928 година ја бара својата постара родена сестра.

Во Челјабинската област полицијата пронајде родени сестри кои се изгубиле за време на Втората светска војна. Ова го изјави портпаролката на МВР на Русија Ирина Волк.

До дежурната служба на МВР на Русија за Агаповскиот округ се обратила жителка на градот Пенза, велејќи дека нејзината мајка Јулија Павловна Харитонова, родена 1928 година, ја бара својата постара сестра Роза, рече Волк.

Сестрите се изгубиле во Сталинград 1942 година за време на окупацијата. Во базите на податоци никаде немало лице со тоа име и година на раѓање. Вработените во МВР почнале да ги собираат и проучуваат сите информации кои би можеле да бидат корисни во потрагата. И на сајтот на една од популарните телевизиски емисии прочитаа слична приказна во која името и датумот на раѓање на жената за која станува збор се разликувале од оние наведени во обраќањето.

„Во понатамошната истрага, припадниците на полицијата утврдија дека жената која се обратила до органите на редот во Пенза поради поодминатите години на нејзината мајка, погрешно го дала датумот на раѓање на нејзината сестра (1927 наместо 1926 година) и наместо полното име Розалина го навела нејзиниот прекар Роза“, објасни Волк.  

Полицијата ги контактирала двете жени и утврдила дека се во сродство. Така, по 78 години, во Челјабинск се сретнаа двете родени сестри Розалина и Јулија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња