Ѕвездата на ММА Хабиб Нурмагомедов смета дека неговата кариера не може да се спореди со кариерата на Фјодор Емелјаненко.
„Не е во ред да нé нас двајцата. Ние припаѓаме на различни епохи. Тој е еден од втемелувачите на ММА. Неговото време беше во Лигата Pride, моето е во UFC. Точно е дека и двајцата постигнавме успех, но сепак би го ставил Фјодор на прво место“, рече Нурмагомедов на прес-конференцијата во Каспијск. „Не е тоа лажна скромност; тој е навистина првиот руски борец кој постигнал толку голем успех во ММА. Благодарение на Емелјаненко многумина почнаа да ја перцепираат Русија како земја во која има добри борци“.
Нурмагомедов исто така истакна дека тој само ја продолжува тенденцијата што ја започна Фјодор Емелјаненко.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.