Жителка на Подмосковје роди единаесетто дете

Сликата e симболична

Сликата e симболична

Sergey Voronin / Russian Look/Legion Media
Во локалното породилно во Подмосковје, триесет и тригодишна жена го роди своето 11 дете, соопшти службата за односи со јавноста на Министерството за здравство на Московската област.

„Породувањето помина без компликации, новороденото девојче е тешко 3,070 грама и долго 51 сантиметар. Мајката и бебето се чувствуваат добро и се подготвуваат наскоро да го напуштат породилното одделение“, изјави управничката на породилното Вера Калинина.

Семејството ќе ја користи услугата „Раѓање дете“, што ќе им овозможи уште во породилното одделение да ги извадат сите потребни документи за бебето, почнувајќи од крштеницата. Мајката и бебето исто така ги очекува пакет подароци „Роден сум во Подмосковје“ кој содржи сè што им е потребно, како пелени, цуцла итн., а може да се избере и алтернатива во пари. Бебето ќе биде пречекано дома од таткото и нејзините петмина браќа и исто толку сестри. Најстарото дете има 13 години.

Сега само им останува да ги пораснат и воспитаат како што треба, ја коментираа убавата вест корисниците на социјалните мрежи. А професорот Владимир Шапкајц за телевизијата „РенТВ“ предупреди дека сите мајки со повеќе деца би требало да прават пауза од две години помеѓу две породувања, затоа што тоа е најбезбедно за нивното здравје, бидејќи бебе зема од мајката сè што му е потребно - железо, калциум и сл.

Инаку, семејството со најмногу членови во Русија живее во Воронешката област. Брачниот пар Шишкини одгледува 20 деца, 11 девојчиња и 9 момчиња. Постарите деца веќе излегоа од дома, додека родителите се грижат само за помладите. Мајката Елена доби златна ѕвезда „Мајка-херој“, а семејството влезе во Руската книга на рекорди.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња