Погледнете како огнена топка експлодира на небото над Урал (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Метеор што предизвика спектакуларна глетка паѓајќи над регионот на Урал во Русија беше снимен оваа недела како исчезнувајќи во експлозија го осветлува ноќното небо.

Фотографот Иљја Јанковски го забележа овој феномен во четвртокот  вечерта во градот Ирбит во Свердловската област.

Аматерскиот астроном го сними импресивниот природен светлосен спектакл додека дожд од метеори паѓаше над Урал. Метеорот експлодираше при влегувањето во Земјината атмосфера малку по 3 часот по полноќ по локално време.

Заслепувачката експлозија на светлина беше толку моќна што можеше да се забележи и на оддалеченост од 800 километри во Омск, како и во Челјабинск, Курган и Тјумењската област.

Погледнете повеќе: Очевидци снимија пад на метеорит над рускиот град Краснојарск (ВИДЕО)