Фотографот Иљја Јанковски го забележа овој феномен во четвртокот вечерта во градот Ирбит во Свердловската област.
Аматерскиот астроном го сними импресивниот природен светлосен спектакл додека дожд од метеори паѓаше над Урал. Метеорот експлодираше при влегувањето во Земјината атмосфера малку по 3 часот по полноќ по локално време.
Заслепувачката експлозија на светлина беше толку моќна што можеше да се забележи и на оддалеченост од 800 километри во Омск, како и во Челјабинск, Курган и Тјумењската област.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.