Бабата на оваа фотографија не е жртва на волгоградскиот крадец
Legion MediaОваа информација ја пренесува прес-службата на судовите на Волгоградската област.
Крадецот во алкохолизирана состојба ѝ упаднал во куќата и почнал да ја дави и удира 91-годишна жена. Таа се бранела, а кога мажот се уморил од физичкото насилство, ја оставил и почнал да бара пари и скапоцености по куќата, велејќи дека му се потребни пари. Домаќинката го нагостила крадецот со чај и пирошки, го слушала како се жали на животот, зборува за неговите роднини, за своето детство. Тој ја молел да не го пријавува во полиција.
Но, следниот ден, кога непоканетиот гостин си заминал, жената забележала дека ѝ недостасуваат три медали од Втората светска војна и 100000 рубли (околу 1500 евра). За среќа, врз основа на она што ѝ го кажал крадецот во текот на ноќта, пензионерката се сетила, дека тој најверојатно е роден брат на сопругата на нејзиниот внук.
И била во право. Крадецот го фатија, но тој веќе успеал да потроши половина од украдените пари на хотелска соба, облека, чевли и храна.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче