Во Русија ќе може да се купи падобран за спасување од солитер

Комсомолскаја Правда/Global Look Press
Со помош на „Шанса“ дури и необучена личност може да се спушти барем од висина на осумкатница (од 33 метри).

„Ростех“ го лансира на пазарот уникатниот падобран „Шанса“со помош на кој човек ќе може да се спаси од солитер во случај на вонредна состојба, соопштија за РИА „Новости” од прес-службата на оваа руска државна корпорација.

„Овој падобрански систем нема пандан во светот. Неговата клучна карактеристика е можноста да се скока од мали висини, на кои обичните падобрани не функционираат. За користење на „Шанса“ не е потребна посебна обука, затоа што падобранот се отвора самостојно на потребната висина“, објасни извршниот директор на „Ростех“ Олег Евтушенко.

Холдингот „Термодинамика” во состав на „Ростех“ веќе доби сертификат за сообразност на производот со техничките услови, што овозможува почеток на сериското производство.

Засега не се наведува кога новиот производ ќе биде достапен во малопродажба, како ни колку би била неговата цена.

„Шанса“ е проектиран од московскиот Научноистражувачки институт за падобрани. Системот вклучува ранец со систем на везови, три куполи кои ја задржуваат поставената брзина при паѓање, како и алка за подвлекување која обезбедува затворање на страничните вентили и извлекување на куполите. Системот на везови може да се прилагодува во зависност од висината и конституцијата на човекот, со што се обезбедува максимална безбедност при користењето на падобранот.

При изработката на падобранот се користени најсовремени материјали, меѓу другото, ткаенина со ниска пропустливост на воздухот од полиамиден конец. Во конструкцијата се применети некои иновативни решенија кои спречуваат да се склопи куполата при контакт со зградата. Покрај тоа, „Шанса“ автоматски ја стабилизира положбата на телото на лицето што скока, така што не му е потребна вештина за управување со падобран.

„При проектирањето, изградбата и користењето на облакодери се поставуваат поголеми безбедносни барања, но во случај на вонредни ситуации евакуацијата е често отежната. За да се реши овој проблем, изработен е индивидуалниот падобрански систем „Шанса“ кој може значително да ги олесни спасувачките операции во современите мегаполиси“, истакна генералниот директор на „Технодинамика“ Игор Насенков.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња