Руски фотограф вака ги исмеа сите можни бизнис-коучинг совети (ФОТО)

Павел Докучаев
29-годишниот фотограф и инженер Павел Докучаев од Самара ги проучи типичните совети на бизнис-тренерите, а потоа визуелно ги прикажа во неговиот фото-проект „Патот на едно момче до успехот“. Излезе смешно, а на моменти и опасно.

„Успешниот човек е модерен култ. На социјалните мрежи, дотерани мажи во скапи костуми стојат покрај моќните автомобили во двор на вила надвор од градот и, играјќи на имиџот на успешен човек, ме покануваат на бесплатни семинари, по кои сигурно ќе станам успешен“, вака Павел Докучаев, инженер во едно претпријатие за машиноградба го опишува својот фотографски проект.

Павел, во потрагата по совети како да се постигне успех, проучил неколку десетици сајтови.

„Сакав да најдам некои специфични совети, но на крајот сфатив дека кај сите се приближно исти“, објаснува фотографот.

Така тој издвоил десет типични совети за успешен живот:

1. Користете деловен стил во облекувањето

2. Имајте хоби

3. Работете

4. Ризикувајте

5. Развивајте ги комуникациските вештини

6. Занимавајте се со спорт 

7. Согласете се со секој предлог

8. Читајте повеќе 

9. Опкружете се со истомисленици

10. Направете олтар на успехот

Додека работел на проектот, Павел сфатил дека за да човек се претстави како успешен, мора да има таканаречен „збир на атрибути на богатство“: скап костум, автомобил, добар стан и одмор во странство секоја година.

„Кај некои луѓе „Инстаграм“ оживува 1-2 пати годишно додека патуваат. Одмор во странство е априори атрибут на успешен човек во нашата земја“, смета Павел. „Се добива впечаток дека луѓето се плашат да го покажуваат својот секојдневен живот, затоа што тој не е толку посебен и богат. Се плашат дека некој би можел да рече: о, таа повторно го поминува одморот во својата викендичка копајќи во градината. И поради тоа ме обзема тага. Поради наметнатите стереотипи честопати сме принудени да создаваме илузија на успех, наместо да бидеме она што сме“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња