Оваа Русинка е официјално најубавата баба на Европа (ФОТО)

Екатерина Егина
Екатерина наполни 50 години, ја освои титулата во номинацијата „Најубавата баба на Европа“ и чува внука! Па сега видете...

Педесетгодишната Екатерина Егина при крајот на јануари на натпреварот во Софија за најубави жени на светот омажени и постари од 40 години ја освои титулата „Најубава баба на Европа“!

Имаше околу триесет сопернички од сите краишта на планетата: Јужна Кореја, Сингапур, Украина, Естонија, Индија и многу други земји.

Но, Екатерина ги освои срцата на жирито со интерпретација на џез-композиција и дефилето во костум во стилот на руска народна носија која сама си ја шиеше. И, секако - со својот феноменален изглед! 

Најубавата баба во Европа живее во Рјазан и се занимава со трговија со храна со храна. 

Има ќерка (28), син (21) и тригодишна внука Ева, со која поминува многу време.

Сака да патува и на својот профил на „Инстаграм“ објавува фотографии од рајски плажи.

За разлика од просечните баби, слободното време го поминува во теретана или вози велосипед.

Резултатите се фантастични, зарем не?

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња