Овој Русин по двапати бил Михајлов, Смирнов и Шчербаков, по еднаш Бузорин, Титов и Трамп. Освен тоа, жителот на Перм двапати го земал презимето на американскиот претседател Трамп. Измамникот истовремено ги менувал и местото на престој, даночниот број и бројот на индивидуалната сметка за пензиско осигурување.
Како што наведува порталот 59.RU, овој махер купувал недвижнини и автомобили. За таа цел тој подигал кредити. Кога ќе насоберел многу долгови, одел во матичната служба и го менувал презимето. Неговите долгови вкупно изнесуваат 4 милиони 498 илјади рубли.
Махинациите беа откриени во септември 2018 година, кога претставник на компанија за управување со финансиски средства се обрати до судот. Тој изјави дека Михајлов е должен да плати преку еден милион рубли.
Во текот на истрагата, се покажа дека пермскиот Трамп им е должен на даночната служба и на банките.
Арбитражниот суд донесе одлука со која 50-годишниот Михаил е прогласен за банкрот. Неговиот имот ќе биде продаден за да ги намири долговите.
Како што пишува „Комсомолска правда”, жителот на Перм со повеќе презимиња први го регистрирале припадниците на сообраќајната полиција. Запреле скап автомобил за да ги проверат документите на возачот. Инспекторите ја прегледале неговата лична карта и биле изненадени од презимето Трамп. Исто така, ги зачудило тоа што неговите податоци се разликувале во возачката дозвола и личната карта. Ги провериле двете презимиња во базата на податоци и откриле интересна приказна.
Медиумите претходно објавија дека еден жител на Курск ги променил полот и името за да избегне плаќање алиментација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче