„Зошто сега влегувам во октагонот без знамето? Не се работи за принципи. Претходно, пред некои борби, Абдулманап Нурмагомедов доаѓаше на мерење со знамето. И еднаш ни рекоа дека наводно не можеме да го носиме грбот на земјата и не нé пуштија внатре со знамето. Тоа се случи еднаш“,изјави Хабилов во интервју за телевизијата ННТ.
Претходно беше објавено дека таткото на Хабиб Нурмагомедов имал проблеми да добие американска виза, поради што тој не бил во можност да присуствува на борбата на неговиот син со Конор Мекгрегор 2018 година во Лас Вегас.
Во ноември Хабилов го победи сонародникот Сергеј Хандошко на турнирот на UFC во Москва. Рустам досега има 24 победи и четири порази во мешани боречки вештини.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче