Во московска клиника за слабеење на мачки пристигна алчна тигрица (ВИДЕО)

Erich Schmidt/imageBROKER.com/Global Look Press
Се наведува дека кај оваа тигрица силниот апетит се појавил кога наполнила една година.

Во московска клиника со сите методи за слабеење пристигна многу необичен клиент: тигрица по име Ибица, со голем вишок килограми. Тоа за порталот „Лајф” го изјави директорот на клиниката за односи со медиумите Вадим Горжанкин.

Тој истакна дека претходно било најавено дека на клиниката ќе биде отворено првото специјално „одделение“ за решавање на проблемот со вишокот килограми кај мачките.

„Никој не очекуваше дека со мачките во клиниката ќе дојде и вистински тигар“, рече тој.

Како што ѝ било кажано на докторката Маријат Мухина, до своите година дена Ибица била слаба и мускулеста, но потоа кај неа се разбудил лавовски апетит. Почнала алчно да ја јаде целата храна што ѝ ја носеле и тоа во големи количини. На крај тоа довело до формирање слој на сало од најмалку десет сантиметри на стомакот и до синдром на полифагија.

Сега оваа ненаситна тигрица ќе мора привремено да заборави на своите обилни оброци, бидејќи ја чекаат диета и зголемена физичка активност. Покрај овие вообичаени процедури дури и за луѓето, Ибица ја чека терапија со акупунктура. Докторката, исто така, планира да ѝ стави златна обетка, како што им советува на луѓето со цел контрола на силниот апетит.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња