Сликата e симболична
ReutersЗа време на состанокот во Минск во вторникот, 21 јануари, Александар Лукашенко и Дмитриј Рогозин разговараа за соработката меѓу Белорусија и Русија во вселенската сфера. На самиот почеток на разговорот Рогозин на белорускиот претседател му врачи сувенир од космонаутите и „Роскосмос“.
„Дозволете ми на самиот почеток да ви врачам сувенир од космонаутите и од цел „Роскосмос“ за соработката со белоруски компании. Ова е вистинска ракавица од космонаут, која во 2019 година престојуваше во вселената. Подоцна ќе ви шепнам чија е“, рече Рогозин.
Лукашенко го нарече подарокот „легендарен“. „Ова ми е прв ваков легендарен подарок“, се заблагодари на шефот на белоруската држава.
Во моментов стручњаци на „Роскосмос“ и Националната академија на науките, заедно со белоруското претпријатие „Пеленг“ работат на креирање нов вселенски апарат со ултрависока резолуција (БКА-2). Тој ќе го прошири составот на руско-белоруската сателитска формација.
Овој сателит нема да заостанува зад светските модели. Со негова помош ќе се добиваат снимки со просторна резолуција до 0,35 м и затоа реализацијата на проектот ќе има голем комерцијален успех. Се претпоставува дека новиот сателит ќе биде поставен во орбитата 2023-2024 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.