Во Русија хеликоптер принудно слета на автопат поради снежна бура

Скриншот / ВК / Сергеј Шитов
Како што рече еден од патниците, не е само невремето виновник за слетувањето на коловозот, туку и празните резервоари на леталото.

Во селото Јамбур во Надимскиот реон на Јамало-Ненецкиот автономен округ дојде до принудно слетување на хеликоптер Ми-8. Ова го соопшти локалната новинска агенција „Север-пресс“.

„Така, се спуштивме за да земеме гориво, пилотите се феноменални, вистински асови. Слетавме директно на автопатот. Надвор дува ветер, не се гледа ништо. А како ќе пројдат автомобилите, немам поим“, рече еден од патниците во хеликоптерот.

Според првичните информации, леталото кое превезувало сменски работници летало од наоѓалиште на полуостровот Гидан. Пилотите неколку пати се обиделе да слетаат, но тоа не им успевало поради лошите временски услови.

„Летавме од Гиданското наоѓалиште, резервоарите за гориво беа празни. Пилотите петпати се обидуваа да се спуштат, сите патници беа ужасно вознемирени“, рече еден од патниците, пренесе агенцијата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња